Поп-пејачката Џенифер Лопез е позната по своите совршени модни избори. Сепак, таа знае и да греши понекогаш, а оваа грешка многумина ќе ја паметат.
Една од најпознатите пејачки на денешницата неодамна прошета низ улиците на Њујорк во сосема „обично“ издание – во сив џемпер и тексас фармерки.
Сепак, вниманието на јавноста го привлекоа фармерките кои изгледаат како да ги земала од валкана корпа за алишта и едноставно ги облекла.
„Дали трендот треба да се носи по секоја цена?“, „Изгледаат многу валкани, зошто ги носи?“, „Има убава фигура, зошто си го прави ова?“, се само дел од коментари на мрежите…
Горенаведените фармерки се дело на луксузниот шведски бренд „Acne Studios“, а нивната цена е вистинска ситница – 620 евра.
Освен во фармерките, овој „валкан дезен“ сега може да се најде и во други парчиња облека, па можете да создадете „валкан изглед“ од глава до пети.