Дваесетгодишниот возач кој ја уби Фросина во Скопје претходно бил фатен со дрога, адвокатите апелираат на ресоцијализација

Дваесетгодишникот со иницијали В.Ј., кој со својот автомобил ја прегази 22-годишната Фросина во Скопје, одамна и’ е познат на полициските и правосудните органи. Според информациите, лани бил фатен со 80 пакувања амфетамин. Обвинителството за овој случај побара притвор, но судијата ја преиначи мерката.

„Кривичниот суд Скопје донесе пресуда со која на пријавениот му е изречена институционална мерка, упатувајќи го во Казнено поправна установа Тетово, третирајќи го сторителот како млад, но на возраст над 18 години. Во текот на целата постапка лицето беше во притвор токму по предлог на обвинителот, а по изрекувањето на пресудата Судот ја укина мерката притвор“, велат од Основното обвинителство.

Според адвокатите, надлежните потфрлиле, но објаснуваат дека законот предвидува поблаги мерки за младите над 18 години.

Тортевски додава дека не е лесно системот да предвидува како ќе постапи одредено лице во иднина, но државните органи треба да внимаваат на ресоцијализацијата.

Тортевски додава дека ваквите случаи, како што е сообраќајната несреќа, може да се спречат само преку едукација, превенција, но и техничка неможност да се вози со голема брзина по булеварите. Тој очекува дека Судот ќе изрече посериозна казна за овој случај.