Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

Иранскиот заменик-претседател за извршни работи Мохсен Мансури изјави дека двајца патници од хеликоптерот со кој патуваше претседaтeлот Ебрахим Раиси, комуницирале со спасувачките сили.

Мансури истакна дека тоа значи оти несреќата најверојатно била со помал интензитет.

Во меѓувреме иранското Министерството за информатичка и комуникациска технологија соопшти дека го идентификуваше местото на несреќата во радиус од два километри.