Двајца рудари се повредени за време на ноќната смена во рудник во Пробиштип

Двајца рудари од Пробиштип се тешко повредени додека работеле во рудник во Пробиштип. Едниот има 20 години, а најстариот 38 години. Несреќата се случила вчера вечерта и итно била известена полицијата, се наведува во дневниот билтен на МВР.

На 10.06.2024 година во 22:08 часот во Полициска станица Пробиштип, од страна на Итна медицинска помош Пробиштип, со тешки телесни повреди се констатирани Т.Ј.(38). Според соопштението, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во рудник во село Добреве, пробиштипско. Извршена е проверка.

На 11.06.2024 година во 00:48 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Р.(20) од Пробиштип. Според соопштението, повредите се здобил додека извршувал работни задачи во рудник во Пробиштип. Истрагата е извршена и се работи на расчистување на случајот.