ДВАЈЦА СКОПЈАНИ ФАЛСИФИКУВАЛЕ АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ – МВР приведе две лица

Кривична пријава по брза постапка добија две лица од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – фалсификување пари.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при преглед на нивното возило пронајдени се фалсификувани пари во вредност од 3.500 долари во апоени по 100 долари, по што лицата биле приведени во полициска станица.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје вчера (16.11.2023) поднесе кривична пријава по брза постапка против лицата А.И. (18 г.) и З.А. (42 г.) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – ‘фалсификување пари’ по чл. 268 од КЗ“, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека по извршен претрес на три локации во Скопје, кај едно лице пронајдени и одземени се 1.100 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од приведените лица.