Два пожара во Национален парк Шар Планина, едниот не е под контрола

 На територија на Национален парк Шар Планина изминатите 24 часа вработените од установата се справуваат со два пожара, а едниот помеѓу селата Бозовце и Вешала сè уште не е ставен под контрола поради силниот ветер и сувата вегетација.

Од установата со апел граѓаните да внимаваат и потсетуваат дека е забрането палење на оган во националниот парк.

-Во следните седум дена, апелираме до сите граѓани на зголемена будност и мобилност заради неповолните временски услови. Со цел да се спречат несакани последици потсетуваме дека на територија на Национален Парк Шар Планина е забрането да се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња, соопштија попладнево од ЈУ НП Шар Планина.

Од Националниот парк со порака, граѓаните доколку забележат пожар да се јават на на единствениот повикувачки број за итни случаи.

Од Територијланат против пожарна единица Тетово информираат дека на пожарот согласно надлежностите интервенира ЈУ НП Шар Планина, а тие се подготвени доколку огнот се приближи до планинските села.