Два популарни десерти кои не треба да се јадат навечер. Тие предизвикуваат воспаление и го зголемуваат шеќерот
Многумина од нас често сакаат да уживаат во десертите, понекогаш и повеќе отколку што треба. Освен што долгорочно предизвикува дебелеење, јадењето десерти навечер може да има и други несакани последици. Многу десерти содржат големи количини на рафинирани шеќери, нездрави масти и празни калории.
Претерувањето со овие намирници може да доведе до воспаление и нагло зголемување на шеќерот во крвта. Како што пишува SheFinds, воспалението често се активира од преработени состојки, вештачки адитиви и вишок шеќер, кои ги нарушуваат природните процеси на телото. Исто така, десертите кои предизвикуваат скокови на шеќерот во крвта може да предизвикаат пад на енергијата и зголемено складирање на маснотии со текот на времето. Јадењето вакви десерти во вечерните часови може дополнително да ја влоши ситуацијата додека телото се подготвува за одмор.
Диететичарката Jeanette Giacinto за SheFinds издвои два популарни типа на десерти кои не треба да ги јадеме навечер пред спиење.
Пити
Иако вкусни, некои пити може да содржат транс масти или високо ниво на заситени масти од путер, маргарин или преработени филови. Во текот на вечерта, на телото му е приоритет одморот и регенерацијата, така што конзумирањето на тешка, слатка храна како пити може да ги отежни овие процеси.
„Кората за пита се прави со големи количини путер, што ја прави неповолен избор за оние кои се обидуваат да ослабат. Покрај тоа, кората се прави од брашно што се разградува во шеќер, додека филот е често многу сладок, што може да придонесе до скокови на шеќерот во крвта“, тврди диететичарот.
Колачиња со многу шеќер
Колачињата со висок шеќер содржат многу малку влакна, протеини или здрави масти кои се неопходни за одржување на балансирани нивоа на шеќер во крвта. Без овие хранливи материи, шеќерите и јаглехидратите во колачињата се апсорбираат уште побрзо, зголемувајќи го нивниот потенцијал да предизвикаат воспаление, пишува SheFinds.
Сепак, умереноста е клучот, како што забележува Џакинто, бидејќи колачето тука и таму нема да боли.
„Повеќето колачиња со многу шеќер содржат најмалку сто калории и се прават со путер или масло, што само по себе не е лошо, доколку не претерувате“, предупредува Џакинто.