Иако експертите постојано повторуваат дека одржливото слабеење е тековен процес, сите ние би сакале да видиме брзи резултати. Во потрага по потенок струк, додатоците за слабеење често звучат примамливо. Но, тие не се секогаш онакви какви што изгледаат. Всушност, многу навидум безопасни апчиња кријат сериозни ризици – особено за црниот дроб.
Нутриционистката Лиза Ендрјус и д-р Римас Геига предупредија на два додатоци кои се поврзани со сериозно оштетување на црниот дроб во некои случаи.
1. Garcinia Cambogia
Garcinia Cambogia потекнува од тропско овошно дрво и често се смета за природна помош за губење на тежината. Сепак, Ендрјус предупредува дека неговата употреба може да предизвика голем број непријатни несакани ефекти – па дури и сериозни здравствени последици.
„Несаканите ефекти вклучуваат главоболка, гадење, дијареа и други дигестивни проблеми“, објаснува таа за SheFinds.
Исто така, во некои случаи, забележано е оштетување на црниот дроб поврзано со земањето на овој додаток, дополнително нагласувајќи ги потенцијалните ризици.
2. Екстракт од зелен чај
Самиот зелен чај е познат по бројните здравствени придобивки. Меѓутоа, во форма на додаток во исхраната – со висока концентрација на катехини како што е EGCG (епигалокатехин галат) – може да биде опасно.
„Високите концентрации на катехини во екстрактот од зелен чај може да предизвикаат оксидативен стрес во црниот дроб, што може да доведе до хепатотоксичност“, предупредува д-р Геиг. Овој стрес може да се манифестира преку покачени ензими на црниот дроб, а во потешки случаи, преку акутен хепатитис.
За да се намали ризикот, се препорачува да се ограничи внесувањето на екстракт од зелен чај на максимум 300 милиграми дневно.