Два случаи на голема кашлица се регистрирани во последните седум дена во Македонија

Два случаи на голема кашлица се евидентирани од 10 до 16 јануари. Станува збор за деца од Скопје, едното на возраст од пет месеци и невакцинирани, пријавено на 10 јануари, а второто на четиригодишна возраст, целосно вакцинирани, пријавенo во понеделникот. Двете деца се на амбулантно лекување, соопшти попладнево Институтот за јавно здравје.

Во претходниот седумдневен период нема ниту еден случај на голема кашлица.

Случај на голема кашлица е пријавен од 27 декември до 2 јануари. Од Институтот тогаш соопштија дека детето се лекува во болница. Бебето од Скопје имало два месеци, невакцинирано бидејќи не наполнило возраст за вакцинација.

„Во периодот 2024/25 година, заклучно со 16 јануари, на територијата на државата се регистрирани вкупно 1.176 лица со голема кашлица, со инциденца од 64/100.000 жители. На 14 јануари е добиен извештајот за епидемијата во Куманово каде се регистрирани вкупно 107 заболени лица. Последниот пријавен случај е евидентиран на 18 ноември. Од Институтот нагласуваат дека епидемијата на територијата на град Скопје се уште трае“.

„Од 18.01.2024 година до вчера во целата држава се дадени вкупно 94.822 дози вакцина со компоненти против голема кашлица“, велат од ИЈЗ.