Од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај деца во скопско Козле соопштија дека 10 деца се на интензивна терапија и две од нив се ставени на кислородна поддршка.
Изминативе денови е забележан зголемен број на амбулантски посети и хоспитализации.
Во моментов се хоспитализирани 65 пациенти. Минатата недела се регистрирани 1.412 случаи, што е за над 34 отсто повеќе од претходната недела.
Бројот на заболени во однос на истиот период минатата сезона е помал за 15,7 отсто.
Најголем број случаи се регистрирани во Скопје. Врвот на грипот се очекува да биде кон средината на февруари.