Заморот е нормална појава и начин на вашето тело да ви каже дека ви е потребен одмор, но ако го чувствувате секој ден, дефинитивно треба да размислите за вистинските причини. Сепак, две навики можат да ви помогнат да го намалите секојдневниот замор.
Имено, специјалистот за интерна медицина Александар Олмос тврди дека две клучни животни навики можат да помогнат во зголемувањето на нивото на енергија, а тие всушност се многу едноставни.
„Само комбинирајте ги овие две животни навики и вашето ниво на енергија ќе се зголеми нагло. Не сум тип на човек што се обидува да поставува невозможни предизвици, но кога ги применив, се чувствував подобро по секојдневниот замор“, рече тој.
Тој ја наведе таканареченото изложување на студ како прва навика. Верува дека туширањето со ладна вода е доволно. Тврди дека ова ќе биде доволно за да се направи разлика.
„Ќе забележите наплив на енергија, подобрена циркулација и вашиот имунолошки систем ќе биде активиран“, рече тој.
Вреди да се напомене дека една студија од 2023 година открила дека учесниците во студијата кои поминале пет минути во ладна бања наводно се чувствувале „поактивни, побудни, внимателни, горди и помалку вознемирени или нервозни“. Други истражувања , исто така, потврдиле потенцијални врски помеѓу терапијата со ладна вода и антиинфламаторните придобивки.