– Од експлозија на бомба во близина на Спортскиот центар во Цетиње загинаа две лица, а три се повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.
„Денес во близина на Спортскиот центар во Цетиње, околу 09:10 часот, од активирање на експлозивна направа загинаа две лица, а три се повредени“, се наведува во соопштението на црногорското МВР.
По сознанието за настанот, полициски службеници излегле на местото на настанот, кое е обезбедено.
Како што е соопштено, со цел утврдување на сите околности и факти, како и расветлување на овој настан, службениците на Управата за полиција, во координација со Вишото државно обвинителство во Подгорица, преземаат интензивни истражни мерки и дејства, за чиј тек и исход јавноста ќе биде навреме информирана.