Две семејства почнале физички конфликт поради паркинг место !
Како што јавува Индекс , во петокот околу 16 часот и 40 минути на улицата „Пут мира“ во Солин дошло до тепачка помеѓу неколку лица, членови на две семејства.
Како што соопшти сплитско-далматинската полиција, се започнало поради несогласување меѓу соседите за паркирање, а ситуацијата брзо прераснала во физички конфликт.
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди – едното е повредено во пределот на ногата, а другото во пределот на реброто. Полицијата води дополнителни кривични истраги“, се вели во соопштението.