Две средношколки се предозирале и починале – третата преживеала и ја чека тужба! Директорот на училиштето рече дека никогаш во животот немал потешка ситуација

Безживотните тела на две тинејџерки беа пронајдени во вторникот во средното училиште Фајет Вер во Самервил, Тенеси. Тие се предозирале со фентанил, објави „Еј-би-си њуз“.

Третата тинејџерка е пренесена во болница во критична состојба. Едно од девојчињата има 16, а другите две 17 години, соопштија од управата на училиштето.

Окружниот обвинител Марк Дејвидсон рече дека преживеаното девојче е обвинето за убиство од втор степен и поседување наркотична супстанција.

Сите три девојчиња оделе во средно училиште каде се одржала церемонијата на дипломирање само неколку часа по трагедијата, пренесува „Еј-би-си њуз“.

Училиштето во четврток одржа панихида за ученичките со пуштање балони на училишниот паркинг.

Официјалниот претставник на јавните училишта во округот Фајет, Верси Хамлет, рече дека ситуацијата ја потресе нивната заедница.

Дејвидсон рече дека обвинението за убиство за некој вмешан во смрт од предозирање со дрога е „невообичаено“.

– Никогаш не сум бил во ситуација од оваа тежина – рече тој, додавајќи дека неговата канцеларија претходно обвинувала возрасни за снабдување со смртоносна дрога, но никогаш малолетници.

Обвинетата девојка ќе се појави во судот за малолетници на 7 јуни на рочиште за судење на овој случај, пишува ABC News.