Двојно убиство во Грција, Балканот завиен во црно! Напаѓачите поставија заседа, а потоа следеше крвава пресметка! Камерите снимија невиден хорор (ВИДЕО)
Сцени како од холивудските филмови се случија во понеделник наутро во близина на црквата во Глифада, Грција, кога турските напаѓачи поставија смртоносна заседа за своите жртви, исто така од турско потекло, и убија две лица, а едно ранија.
Според информациите, Турците ги чекале своите жртви на локацијата и штом ги виделе го извадиле оружјето и ги застрелале. На снимката која е објавена на грчките медиуми се гледа како напаѓачите ги бркаат жртвите и пукаат во нив.
Според медиумите испукани се повеќе од десет куршуми. Напаѓач во црна облека трча на сред улица, крева пиштол и пука во непознати лица кои стоеле пред црквата Успение на Пресвета Богородица.
Во исто време, вториот напаѓач облечен во црна јакна и бели панталони, е снимен како доаѓа од спротивната насока и со пиштол во рацете брка лице кое трчало кон игралиштето.
На видеото се гледа уште еден напаѓач во црна облека и со маска на лицето.
Се појави ново видео на кое се гледа како еден од наводните сторители бега од местото на настанот, според сопственикот на продавницата кој бил присутен на местото на настанот.
„Куршуми летаа на сите страни, се исплашив и влегов во продавницата. Потоа излегов надвор и слушнав дека има двајца сторители, еден видов бидејќи поминал пред продавницата“, изјавил сопственик на продавница во околината.
Грчките медиуми јавуваат дека полицијата уапсила двајца осомничени, се работи за турски државјани со курдско потекло, на 22 и 26 години. Се вели дека едниот од нив е еден од напаѓачите, додека другиот имал споредна улога. Двајцата преку реката Еврос илегално пристигнале во Грција, додека еден од нив кога бил лоциран поднел барање за азил.
Се трага по нивни соучесници. Првите докази собрани од местото на пукањето укажуваат на конфликт меѓу членови на турската мафија.
Наводно, во пресметката учествувале дури седум членови на мафијата, а полицијата во моментов трага по уште петмина.