Двојно убиство во Кратово, уапсена 37-годишна жена

Двојно убиство се случи синоќа во Кратов, додека 37-годишна жена е уапсена.

Според првичните информации, убиени се сопругот и свекорот на уапсената жена.

Обвинителството и полицијата извршија увид, по што телата ноќе беа испратени на обдукција.

По спроведените истраги ќе се утврдува мотивот на двојното убиство и начинот на кој е извршено делото.