Деветта жртва на масовниот убиец од Младеновац: Ранет млад човек почина во болница во Белград по речиси два месеци борба за живот
Младиот П.М., кој беше ранет во масовното пукање на 4. мај во Мали Орашје, почина денес. Тој е деветта жртва на масовното убиство што ноќта меѓу 4. и 5. мај го изврши Урош Б. (20 г.) во селата кај Младеновац, објавија српските медиуми.
На П.М. првично му била укажана помош во смедеревската болница, но поради компликации бил префрлен во Белград каде починал, пренесува Nova.rs.
Урош Б. е осомничен поради грозоморното злосторство што го изврши на 4. мај со истрели од автоматска пушка ког уби осум и рани 12 лица на територијата на Смедерево и Младеновац.
Осомничениот е во притвор од 5. мај кога беше уапсен. Неколку дена подоцна, уапсен е и неговиот татко поради сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.
При претресот на викендицата на таткото на Урош, полицијата пронашла 164 куршуми различен калибар, патрони прав за муниција, еден пиштол и револвер сличен на огнено оружје, два пригушувачи, ловечки нож, 13 ловечки патрони, 12 чаури, 4 сигнални куршуми и парчиња муниција карабина, а една рачно изработена направа со можност за активирање.