Девет повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Скопје, 48 се во странство

Девет лица повредени во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се на лекување во Скопје, а 48 се во странство, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари. Тој нагласи дека двајца пациенти се во критична состојба, останатите во стабилна состојба.

„Во Скопје има девет пациенти, од кои двајца се во Клиничкиот центар за пластична хирургија, еден пациент во „8 Септември“, четворица пациенти во старата градска болница и двајца пациенти во приватни болници. Сите се во релативно добра и стабилна состојба. Во странство се лекуваат 48 пациенти. Од пациентите кои се лекуваат во странство, само двајца се во критична состојба – изјави Таравари.

Тој рече дека во моментов на болничко лекување се 57 пациенти од вкупно 193 пациенти кои биле примени по несреќата.

Таравари сподели добра вест, велејќи дека пациент кој двапати бил реанимиран е во добра состојба и почнал да се движи.