Девито се ожени, па направи Гала забава! Имаше специјално барање за гостите, а овие познати личности беа на свадба (фото)

Раперот Давид Љубеновиќ, попознат како Девито, се вери со својата девојка пред неколку месеци, а како што денес пишуваат српските медиуми, денеска двајцата се заколнале на вечна љубов.

Младиот рапер организирал сè во апсолутна тајност, па од своите 70-тина гости барал да потпишат договор за доверливост, а на секој од нив му било забрането да користи мобилен телефон, за да не се појавуваат снимки и фотографии во јавноста. Меѓу познатите од балканската сцена беа поканети само раперот Ем-Си Стојан и пејачката Теодора Џехверовиќ.

Свадбата беше организирана во познат ресторан во Белград.

Да потсетиме дека Девито еднаш се сврши со девојка, на многу необичен начин. Имено, тој истакна дека наместо веренички прстен купил два часовници.

– Наместо веренички прстен, купив два исти часовници во различно злато. Едно е женски, другиот е машки. Со свршеницата се верив со часовник, а не со прстен – откри тогаш за медиумите.