Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Марадона, почина во ноември 2020 година на 60-годишна возраст, а моментално се води судење за околностите на неговата смрт.
Имено, во Буенос Аирес им се суди на седум медицински работници обвинети за невнимание што довела до неговата смрт, а во текот на судењето во јавноста доаѓаат досега непознати информации.
Конечната изјава ја даде поранешната девојка на Марадона и мајка на неговиот син, Вероника Оједа, која раскажа детали кои го шокираа светот.
„Ми се јави еден масер и ми рече дека јас сум единствената што може да го спаси.”
„Тогаш ни рекоа дека најдоброто решение ќе биде да го пуштиме да си оди дома на лекување, за да има нега, медицински сестри и да биде како во болница. Сепак, не сакаа Диего да се опорави, сакаа тој да остане болен, онесвестен. Диего постојано ме молеше за помош, а јас не знаев што да правам. Знам дека се плашеше да ми каже дека го држат затвотен. Еднаш ми рече: „Земи ме со себе…“”
Рекла и дека двапати го посетила во куќата каде што починал.
„Првиот пат беше добро, среќен, играше со „Диегито“. Сепак, не изгледаше како место каде што некој треба да се опоравува. Вториот пат дојдов два дена пред да умре… Беше сам, само телохранител и медицинска сестра што читаа списание во дневната соба. Кога го видов, му реков: „Диего, што се случи со тебе, што се случи со тебе? Стомакот и рацете…“, се присети таа.
За потсетување, обвинетите се гонат за убиство со краен умисла, карактеристично кога едно лице ќе стори кривично дело знаејќи дека тоа може да предизвика нечија смрт и им се заканува казна затвор од осум до 25 години.