Девојката на сликите со бившиот, дури сега го забележала сегашното момче: Дали е ова реално? 

Девојката била шокирана од она што го видела

Џорџија Харис објави видео на TikTok кое заинтригира многумина и има дури 10,3 милиони прегледи и 1,2 милиони лајкови. На видеото се гледа фотографија од 2019 година на која таа позира со тогашното момче (сега поранешно) на забава во ресторан, а сега на фотографијата во позадина забележала интересен детал. Зад нив на масата седи нејзиниот сегашен дечко. Така, на таа прослава не се ни познавале, туку судбината ги споила.

„Моето сегашно момче е во позадина на некои фотографии од 2019 година, а се сретнавме дури во 2021 година“, напиша таа покрај видеото.

„Ова сè уште ме шокира“, гласи описот на видеото.

„Теоријата на невидливи нишки“ беше спомната во бројните коментари на гледачите, а некои ги споделија своите искуства.

„Мојот сопруг е во позадина на видеото од роденденот на мојот најдобар пријател кога бевме деца“, напишал еден следбеник.

Имено, според теоријата за невидливи нишки, универзумот е поврзан со нишките на судбината. Како источноазиската идеја за црвена нишка која ги обединува луѓето кои се предодредени да се сретнат, без разлика на се, според The ​​Minds Journal.

Сепак, имаше и такви кои не беа поддржувачи на оваа теорија и не беа импресионирани.

Речиси како да живеете во ист град, нели?“, гласи еден коментар.

@geo__harris1202 This still blows my mind 🤯 #boyfriend #fyp ♬ Ev3ry0ne i5 always c0nnect3d – :/\