ДЕВОЈКА ГО ФАТИЛА ДЕЧКО СО ДРУГА ЖЕНА Следел тотален хаос и лудило, а населбата беше во ШОК: „Никогаш не слушнавме дека се караат“ (ВИДЕО)

На 22 ноември во Бруклин е снимена хаотична сцена предизвикана од изневерена девојка.

Според локалните медиуми, девојката го пронашла своето момче со друга жена, целосно полудела и почнала да му ги фрла работите од станот на 6-ти кат.

На видеото се гледа како фрла работи додека луѓето на улица застануваат да ја гледаат хаотичната сцена.

@thisisnyc

I’m pretty sure she’ll take him back 😅😅😅😅

♬ original sound – thisisnyc

Интересно е како полицајците од безбедна далечина набљудувале што се случува, додека дел од патот бил затворен.

работи, фрлање работи

Некои соседи снимале се со мобилните телефони, а на видеата се гледаат работи како облека, апарати за домаќинство, теписи, огледала како „летаат“ од балконот на станот…

Соседите изјавија дека никогаш не слушнале како се расправа парот и дека се шокирани од настаните во мирната њујоршка населба, каде што становите се изнајмуваат за 2.800 до 5.000 долари месечно.

работи, фрлање работи

Младиот човек и девојката живееле во оваа зграда речиси пет години, изјавил управителот, иако во документацијата се споменува само нејзиното име.