Девојка лекувана со CAR Т-клетки и постигна голем успех: Ракот е во ремисија и по 18 години

Хеслоп, коавтор на студијата од Медицинскиот колеџ Бејлор во Хјустон, рече дека ракот на пациентката целосно се уназадил и дека таа била третирана од невробластом во детството со терапија која вклучува земање Т-клетки, еден вид бели крвни зрнца, од пациентот и нивно генетско инженерство за да ги таргетираат и убиваат клетките на ракот.

Овие модифицирани Т-клетки се одгледуваат во лабораторија, а потоа повторно се воведуваат кај пациентот, објави Гардијан .

Познат како CAR (химеричен антиген рецептор) Т-клеточна терапија, овој пристап се покажа особено успешен во лекувањето на одредени видови на рак на крвта. Форми на терапија се одобрени за такви видови на рак во САД и ОК, меѓу другите земји.

Невробластомот е редок карцином на нервно ткиво кој се развива кај децата. Хеслоп и нејзините колеги го објавија своето истражување во списанието Nature Medicine , а клиничкото испитување во фаза I на терапијата со CAR Т-клетки за невробластом вклучи 19 деца со оваа болест помеѓу 2004 и 2009 година.

Во текот на седумте години по терапијата, 12 пациенти починале поради повторување на невробластом.