Миона Бел е девојка од Ниш која се прослави во американското реално шоу „90 Day Fancé“.
Реалното шоу ги следи животите на паровите, каде што еден од нив има или треба да добие К-1 виза. Оваа специфична виза е достапна само за државјани на САД чии партнери се странци, а се добива преку брачен договор.
Така, дел од оваа програма беше и Миона, но и нејзиниот вереник, член на групата „Црни Срби“, Џибри, кој го запозна додека тој со својот бенд беше на турнеја низ Србија.
Набрзо нивната врска прерасна во нешто повеќе, а Џибри и Миона првично живееја со неговите родители и имаа 90 дена да се венчаат.
Иако ја пронајде љубовта на својот живот, Миона се соочи со многу препреки. Таа живеела со родителите на нејзиниот вереник кои не ја одобрувале нивната врска.
Атрактивната Нишлијка успеала да се избори со сите предрасуди, а била истрајна во одлуката да се омажи за својата сакана.
И како е денес?
Откако се омажи за својот сакан Џибри, Миона започна сопствен бизнис. Таа прави екстензии за коса и е активен член на социјалните мрежи.
Освен што ги рекламира своите производи на Инстаграм, Миона често објавува атрактивни фотографии на кои се гледаат бујни гради и облини.