Девојка се одалечила од семејството на одмор во Италија: Куче трагач пронашло замрзнато тело во шумата
Девојката се оддалечила од сместувањето, се претпоставува дека излегла на прошетка, а повеќе не се вратила. Телото го пронашло куче спасувач, а обдукцијата утврдила дека смртта најверојатно била поради смрзнатини
Во петокот во шумата над Сан Кандидо во Италија е пронајдено тело на 16-годишна германка, која била таму со семејството на одмор, пишува РАИ . Девојката во петокот наутро излегла од сместувањето, се претпоставува дека отишла на прошетка, а повеќе не се вратила.
Набрзо била започната потрага по неа, но за жал била пронајдена мртва во подножјето на стрмната падина.
Телото го пронашло куче спасувач. Обдукцијата утврдила дека смртта најверојатно била предизвикана од смрзнување.