Девојка (31) претепана до смрт, телото спакувано во куфер и фрлено на буниште! Ова е страшно злосторство: ,,Не заработуваа доболно”

Нов хорор ја потресе Европа , откако беше откриено телото на девојката (31) која беше претепана до смрт, а телото потоа беше спакувано во куфер и фрлено.

Грозоморно убиство се случи во Орадеа, Романија, а телото беше пронајдено на паркинг во станбен комплекс.

Истрагата утврдила дека убиеното девојче и нејзината сестра биле принудени на проституција, а во целата приказна наводно бил вмешан и познаник од нивното село.

Се верува дека девојката е убиена „затоа што не заработувала доволно“.

проституција, проститутки

Полицијата уапсила тројца осомничени под сомнение дека се дел од синџир на проституција во Орадеа, а се сомневаат дека имале два стана во градот, каде што ја принудувале убиената девојка на проституција.

Токму во еден од тие станови една девојка била претепана до смрт.

Се претпоставува дека ја тепале додека не ја убиле, а потоа по наредба на газдата и’ го спакувале телото во куфер и го оставиле на паркингот на станбен комплекс од другата страна на градот.

Шефот на синџирот за проституција знаел дека сестрите се во лоша финансиска состојба, поради што ги измамил и тргувал со нивните тела.

Помладата сестра на убиеното девојче е во болница бидејќи и таа била претепана.

Според обвинителството, се верува дека двете сестри дури биле принудени да ја продадат куќата на нивниот татко и да подигнат кредит.

Родителите на двете девојчиња пред две години изгубиле секаков контакт со нив. Не се знае дали се обиделе да ги најдат.

Според медиумите, еден од тројцата осомничени на распитот ги признал делата.

Наводното убиство се случило за време на „казнување“ на две сестри, бидејќи повеќе не заработувале доволно пари преку проституција.

Постарата сестра им подлегнала на повредите во станот. Помладата сестра била спасена од полицијата.