Полицијата спроведе акциска контрола во ноќен клуб во тетовско Желино, со цел откривање на странски државјани со нерегулиран престој во подрачјето или злоупотреба на престојот.
При тоа биле затекнати и приведени 18-странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и тоа: две од Србија, седум од Украина, 10 од Албанија, а приведено е и едно машко 46-годишно лице од Албанија, кои престојувале на подрачјето спротивно на целта, односно немале соодветна документација.
Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следат соодветни поднесоци.