Девојче го донела кокаинот на татко ѝ на училиште: Наставничка пронашла 16 пакети, учениците веднаш пренесени во болница!
Таткото на детето, 27-годишен маж со историја на трговија со дрога, избегал од училиштето откако се соочил со раководството на институцијата, јавува Си-Ен-Ен Бразил.
Наставничката пронашла дрога
Наставничката на детето ја пронашла дрогата откако еден од учениците се пожалил на лошиот вкус на пакетчињата.
Откако го пребарала ранецот на девојчето, пронашла вкупно 16 пакети, од кои седум биле запечатени, а девет се чини дека се веќе искористени, пренесува Блиц, повикувајќи се на Танјуг.
Учениците превезени во болница
На покана од управата на училиштето, таткото дошол во училиштето, но побегнал откако зел еден од пакетите од рацете на педагошкиот координатор.
Сите ученици од одделението се испратени во болница на токсиколошки тестови, а примероците се испратени на анализа.
Осомничениот, жител на населбата Ново Хоризонте во Итамонте, има четири полициски пријави за трговија со дрога и други кривични дела поврзани со поседување на супстанцијата.
Цивилната полиција на Минас Жераис го истражува случајот.