Девојче се удави во базен во Грција: Нурнала и не излегла, во дворот била и нејзината мајка

10-годишно девојче се удавило во базен додека била на одмор со родителите во Неа Макри, Грција. Трагедијата се случила кога девојчето се нурнало во базенот за да ја извади маската за нуркање.

Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но девојчето не можеле да го спасат, јавуваат медиумите во Грција.

Еден од лекарите кој се обидел да му помогне на девојчето рекол дека на детето му извадиле храна од устата додека се обидувале да и’ го спасат животот.

„Го најдов детето во несвест. Јас и татко ми, кој исто така е лекар, 20 минути се обидувавме да ја оживееме. Се обидовме и да ја извадиме содржината од нејзиниот стомак”, изјави тој.

Несреќата се случила нешто по 18 часот во дворот на станбениот комплекс каде девојчето си играло со својата другарка.

Нехзиниот татко и брат се вратиле дома претходниот ден

Ден претходно, нејзиниот брат близнак и татко и’ се вратиле дома, додека таа останала кај мајка си.

Во еден момент девојката останала сама во базенот кога нејзината пријателка на кратко отишла дома. Во близина била и нејзината мајка, која ги пакувала работите во автомобилот за да се вратат дома во Атина.

Кога останала сама, девојката се нурнала во базенот за да ја земе маската, но од непозната причина отишла на дното на базенот каде останала повеќе од три минути.

Управителот на комплексот за медиумите изјавил дека ја слушнал нејзината пријателка како вика помош и веднаш истрчал да ја спаси.

Кога пристигнал, девојчето имало модринки по телото и тешко дишело.

Двајца лекари кои живеат во тој станбен комплекс се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно.

Нејзината мајка веднаш повикала брза помош која по десетина минути пристигнала на местото на настанот. Тие веднаш го пренеле девојчето во локалната болница во Неа Макра.

Според неофицијални информации, девојчето немало здравствени проблеми и била добра пливачка.