Девојче случајно се обесило на замка! Мајката повеќе не ја слушала смеата на детето, вработените во забавниот парк ја нашле заплеткана во јажињата на справите (фото)
Четиригодишно девојче починало од задушување додека си играло во забавен парк во кој имало и гумени играчки. Трагедијата се случила во забавен парк во градот Миколаив, на југот на Украина, минатиот викенд.
Девојчето по име Валерија, било пронајдено заплеткано во јажињата на структурата на справите, откако нејзината мајка Ана побарала од вработените во забавниот парк да проверат што се случува бидејќи таа веќе некое време не ја слушнала смеата на нејзината ќерка.
„Ана (мајката на девојчето) прво помислила дека Валерија ја изгубила свеста додека си играла на жештината и се обидела да ја разбуди“, вели Наталија Кучинска, блиска пријателка на семејството.
Веднаш била повикана брза помош, додека другите посетители на паркот ја прскале девојката со вода и обидувајќи се да ѝ направат реанимација – уста на уста и масажа на градите, пишува Дејли мејл.
„На местото на настанот немаше медицински работници да укажат прва помош. Некој донел стоматолози од блиската клиника“, вели пријателлата.
„Го прегледаа детето, се обидоа да го разбудат со амонијак и ѝ фрлија светлина во очите. Меѓутоа, кога пристигнала брзата помош, болничарите констатирале смрт на детето“.
Ана и Валерија сакале да си одат дома кога девојчето ја замолило мајка си да игра уште малку. Жената се согласила и ја чекала својата ќерка во родителскиот дел, но од таму не можела да го види детето, се вели во извештаите.
Полицијата откри дека кога се случила трагедијата, тројцата вработени кои требало да го чуваат детето додека таа била во делот од паркот кој родителите не можат да го следат, биле „зафатени“ со своите смартфони.
,,Помошниците избегале од местото откако била пронајдена Валерија“, вели пријателката на Кучинска.
Погребот на девојчето се одржал во средата.
„Мајката е уништена од загубата на своето дете. Самиот ден на погребот беше многу тежок. Таа денот го помина со апчиња, рече семеен пријател.
Сергиј Шајхет, шеф на полицијата за областа Николаев, рече:
„Прелиминарно е утврдено дека четиригодишно девојче се заплеткало во јажињата на ѕидот на паркот додека си играло на него. Според првите сознанија на вештакот, детето починало од задушување“.
Сопственикот (45) на замокот бил приведен во полиција. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до осум години. Истрагата е во тек.