Тригодишно девојче случајно ја застрелало својата четиригодишна сестра. Во моментот на трагедијата што се случи во неделата попладне во Хјустон, град во американската сојузна држава Тексас, девојчињата биле во друштво со пет возрасни лица, меѓу кои и мајката и очувот на починатото девојче.
Секој од петтемина возрасни кои биле присутни во куќата верувале дека девојчињата ги набљудува некој друг, но никој не ги надгледувал додека биле во спалната соба, каде тригодишното девојче ја застрелало нејзината сестра со полуавтоматски пиштол, објави Гардијан.
Девојчето е прогласено за мртво на местото на настанот и сè уште не е соопштено дали некој од присутните ќе одговара за тоа што не го чувал огненото оружје на дофат на деца.
„Ова изгледа како уште една трагична приказна каде што едно дете има пристап до пиштол и повредува некој друг. Нашите срца се скршени“, рече шерифот на округот Харис Ед Гонзалес, додавајќи дека целата заедница е погодена што детето го загубило животот на овој начин. .
Тој, исто така, рече дека ова е дополнителен доказ дека сопствениците на оружје мора да бидат повикани на одговорност.
„Морате да ги оставите пиштолите на безбедно место. Треба да се направи повеќе од едноставно предупредување да не ги чуваат на сигурно место своите пиштоли”, тврди тој.
Сè уште не се објавени имињата на починатото девојче, нејзината сестра, ниту на некој член на семејството.