Девојче (8) избодено до смрт: Се обидела да ја заштити мајка си, а тој ѝ забил нож во градите и грбот!
Осумгодишно девојче е избодено до смрт откако се обидело да ја одбрани својата мајка која била нападната со нож. Девојката, Маликика ал-Катиб, била избодена со нож во грбот и градите, непосредно пред полноќ во неделата во нејзиниот дом во Ко Вексфорд, Ирска .
Таа била констатирана смрт набргу по пристигнувањето во болница. Таа спиела во кревет кога ја разбудила галамата долу, па отишла да види што се случува, изјавиле извори за британски „Сан“.
Нејзината мајка, 31-годишната Алиш ал Катиб (31) била прободена со нож во градите, но нејзиниот живот не е во опасност. Алиш успеал да побегне од куќата и да го вклучи алармот.
Таткото на Малики, Мохамед Шакир (34) и нејзината мајка биле итно пренесени во Универзитетската болница во Вексфорд. Тој исто така не е во животна опасност. Ирската полиција ја истражува смртта на девојчето, додека куќата е запечатена од форензичарите.
– Полицијата ги истражува сите околности околу смртта на девојчето по кобниот напад во неделата на 1 декември. Полицијата и итната помош пристигнале на местото на настанот во 23 часот и 45 минути. Девојчето потоа било пренесено во Универзитетската болница во Вотерфорд, каде што починала од повредите во раните утрински часови. Жена и маж (30) се во Универзитетската болница во Вексфорд. Тие не се во животна опасност. Местото на настанот е блокирано за вештачење – соопшти ирската полиција.