Дедото го прослави стотиот роденден и ја откри тајната на долговечноста! Редовно вежба, се грижи за исхраната, а ова е неговиот совет за долг живот (видео)
Роџер Вонсон, пензиониран инженер и прадедо на девет правнуци, го прослави својот стоти роденден во април. Тој за Business Insider ја откри тајната на својата долговечност. Тој советуваше и како да одржувате добри и долги љубовни и пријателски врски.
Покажете емпатија
Роџер го припишува успехот на неговиот брак на емпатијата. Сите видови на конфликти, вели тој, може да се спречат со разбирање на другиот.
„Ако не се ставите во кожата на другиот и не се обидете да ја разберете нивната перспектива, лесно е да влезете во конфликт“, рече тој.
Тој беше 75 години во брак со сопругата Мери Сју, која почина пред две години, а тајната на нивната хармонична врска е почитта и меѓусебното разбирање.
Роџер исто така истакна дека треба да се биде внимателен со своите зборови.
„Бидете внимателни што им зборувате на оние околу вас бидејќи ништо не можете да вратите штом ќе се каже“, рече тој.
Најдете ја вашата страст
Иако четириесет години работеше за американската влада, Роџер има и музичка кариера. Тој свири на тапани во својот бенд The Current Voltage и се труди да поминува што повеќе време работејќи го она што го сака, а освен музиката сака и фотографија. Роџер настапи со бендот на неговата роденденска забава. Музиката го прави среќен и му помага да задржи позитивен став. Убаво е да се видат луѓе како пеат и чукаат со прстите“, откри тој.
Исхрана и вежбање
Роџер верува дека редовното вежбање и правилната исхрана се клучни.
„Правам неколку комплети тегови над глава за време на рекламите на ТВ, важно е да ги одржувате мускулите силни“, рече тој.
Тој моментално прави вежби за рамнотежа за да спречи паѓање.
,;Ако паднам, тоа е почеток на крајот за мене“, рече тој.
Една од навиките што ја практикува е да јаде само половина порции храна.
„Јадам многу зеленчук и многу ретко јадам десерти“, додаде тој.