Делегација на ЕУ: Секоја членка на ЕУ сама ќе одлучи дали ќе ги прифати пасошите со старото име Македонија
Додека продолжува „дебатата“ за можноста за користење на пасоши кои се валидни, но со старо име, како и за тоа дали може да се користат за патување низ земјите на ЕУ, од Делегацијата на ЕУ во Скопје велат дека признавањето на патните исправи од трети земји е единствена одговорност на секоја земја членка на Европската Унија.
„Важно е Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучително и обврските поврзани со промената на пасошите, што е поврзано со Договорот од Преспа.
Потсетуваме дека прифаќањето на патните исправи од трети земји е во надлежност на секоја земја членка на ЕУ“, велат од Делегацијата на ЕУ во „Слободен печат“.