Деловите од телото ги скувал во лонец за супа, нозете ѝ ги чувал во фрижидер а главата ја немало! Ја распарчил бившиот сопруг – хорор смрт за моделот Аби Чо
Дваесет и осумгодишната Аби Чо, позната манекенка од Хонг Конг, беше брутално убиена од нејзиниот поранешен сопруг, а јавноста беше шокирана кога нејзиното тело беше пронајдено распарчено и оставено низ целата куќа.
Медиумите во Хонг Конг објавија дека осомничениот е уапсен, но не само тој туку и неговите роднини кои учествувале во ова брутално злосторство.
Аби Чо последен пат беше видена жива во вторник, 21 февруари. Полицијата го направи страшното откритие во куќа во селото Лунг Меи – село покрај плажа на околу половина час возење од центарот на градот.
Откако упаднале во домот изнајмен од нејзиниот поранешен свекор во петокот попладне, полицајците откриле две нозе во фрижидер, како и личната карта на жртвата, кредитни картички и други предмети, изјави полицискиот началник Алан Чунг.
Во лонец за супа е пронајдено човечко тело, додека главата, нозете и рацете на жртвата не биле на местото на настанот.
По обиколка низ градот, полицајците го уапсија поранешниот сопруг на Аби, а неговите родители и брат беа приведени, известува SCMP.
Во станот биле пронајдени алатки што се користеле за распарчување на човечки тела, вклучувајќи мелници за месо, моторни пили, долги мантили, ракавици и маски.
Чунг рече дека куќата ја изнајмил поранешниот свекор на Аби пред само неколку недели.
Полицијата соопшти само дека жената е 28-годишна манекенка со презиме „Чои“, но Саут Чајна Морнинг Пост се идентификувала како Аби.