ДЕЛОВИ ОД КИНА ПОД ВОДА – Тајфунот Доксури донесе рекорден дожд и во Пекинг

Кина се бори со поплави на северот на земјата по минувањето на тајфунот Доксури, а денеска се очекуваат рекордни дождови и во Пекинг.

Во извештајот на државната медиумска агенција Sinhua, е наведено дека Националниот метеоролошки центар на Кина и денеска одржува црвен метеоролошки аларм поради предвидените бури од дожд, пренесува медиумската агенција Reuters.

Тајфунот Доксури, фронт на бура што ги погоди Филипините и Тајван пред да стигне до Кина, е една од најсилните бури во последниве години, принудувајќи илјадници луѓе во јужната провинција Фуџијан да се евакуираат.

Според денешната прогноза на Националниот метеоролошки центар на Кина, обилни врнежи се очекуваат во неколку провинции, особено во областите Хебеј, Пекинг, Шанкси и Хенан на северот од земјата.

Тајфунот Доксури на сателитска снимка на 26 јули
Тајфунот Доксури на сателитска снимка од 26. јули

Главниот град на Кина денеска најверојатно ќе биде погоден од рекордни врнежи од дожд, објавија тамошните медиуми.