ДЕЛОВИ ОД РУСКИ ДРОН ПАДНАЛЕ НА ТЕРИТОРИЈА НА НАТО! Министерот за одбрана и претседателот на Романија ги потврдија информациите – дали ова може да предизвика општа војна !?
Делови од руско беспилотно летало паднале на територијата на Романија, потврди во средата романскиот министер за одбрана Ангел Тилвар, а пренесе веб-страницата HotNews, повикувајќи се на романската телевизија Antena 3.
Украина во понеделникот објави дека руски беспилотни летала се урнале и експлодирале на територијата на членката на НАТО, Романија за време на воздушен напад во текот на ноќта врз украинската пристанишна инфраструктура на Дунав, но официјален Букурешт негираше дека е погодена романска територија.
„Можам да потврдам дека се пронајдени делови кои би можеле да припаѓаат на беспилотно летало“, вели Ангел Тилвар.
Тој додаде дека областа не е евакуирана бидејќи нема ништо што укажува дека споменатите делови од дронот се закана.
Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и претседателот на Романија, Јоханис Клаус, ги негираа информациите за експлозии на беспилотни летала на романска територија. Тие рекоа дека руските напади не предизвикале директна закана за територијата на Романија.
Од почетокот на инвазијата на Украина, Русија изведува воздушни напади со долг дострел врз цели во таа земја.
Од јули, кога официјална Москва се откажа од договорот со кој се укина де факто руската блокада на украинските пристаништа на Црното Море, Русија постојано ги напаѓаше украинските речни пристаништа лоцирани на другиот брег на Дунав, од романска страна.