Поради магла откажани се дел од летовите на скопскиот аеродром. Според информациите на веб-страницата на скопскиот аеродром, некои летови се откажани или пренасочени.
Видливоста е 200 метри и поради тоа авиосообраќајот е во прекин.
Потсетуваме дека овој месец имаше чести откажувања на летови поради густа магла.