Најдобриот играч на Пари Сен Жермен оваа сезона, Усман Дембеле, повторно е во центарот на вниманието откако изведе пенал против Ливерпул со послабата, десна нога.
Која е посилната нога на Усман Дембеле е честа тема во светот на фудбалот. Секогаш кога ќе изведе пенал, особено во големи моменти како синоќа, се наметнува темата за неговата посилна или послаба нога.
На дуелот против Ливерпул и пенали на крајот од натпреварот, кој фудбалерите на ПСЖ го добија во своја полза и ги демолираа црвените на „Енфилд“, Дембеле повторно играше „шах“, односно психолошки игри кои вродија со плод.
Дембеле се постави на левата нога, што нормално е негово посилно и поприродно, но потоа при трчањето се сврте надесно и шутираше постигнувајќи го клучниот гол. Со тој гол ПСЖ го искористи претходно промашениот пенал и поведе во пенал рулетот што доведе до победа.
Некогаш Дембеле откри зошто често изведува пенали со „послабата“ нога. Тој потврди дека е левак, но дека често изведува пенали со десната нога.
Но, она што е збунувачко е што Французинот во кариерата има постигнато голови 37 пати од пенали со левата нога и 42 пати со десната нога. Така што голманот во ниту еден момент не знае со која нога ќе шутира Дембеле.
,,Левата нога ми е посилна, јас сум левоног“, изјави еднаш Дембеле за француските медиуми, а потоа ги збуни сите со уште една реченица: „Шутирам пенали со десната, бидејќи подобро шутирам со таа нога“, изјави Дембеле.
Иако, се чини, тој самиот нема одговор која нога ја има посилната и зошто го прави тоа, тоа не му прави никаков проблем бидејќи најчесто е непогрешлив од белата точка. Така беше синоќа.
Пеналот можете да го погледнете овде на 0:50 од видеото.