Американската актерка Деми Мур беше прогласена за Жена на годината во новиот број на американското списание „Гламур“, а за насловната страница позираше во впечатлива облека.
Таа позираше во креација изработена од жица, дизајнирана од Харис Рид. Викторијанската облека ѝ послужи како инспирација за ова нејзино издание, кое го надополни со штикли со платформа од Том Браун и обетки „Шопард“. Во преден план беше долната облека.
Во интервјуто, Деми Мур, меѓу другото, зборуваше за тоа како се чувствува поенергично на 62 години отколку порано.

„Гледам некого како Хелен Мирен и си мислам: „О, Боже, има 80 години“. Погледнете колку е динамична и разновидна работата што ја работи. Ми вели: „О, сè уште имаме многу да направиме“, рече таа.
Оваа година беше огромен успех за актерката. Таа го освои Златниот глобус за најдобра актерка за нејзината улога во филмот „Супстанцата“. Потоа ги освои наградите „Избор на критичарите“ и наградата SAG, а беше и номинирана за својот прв Оскар.
Иако Мајки Медисон го освои Оскарот, говорот на Деми Мур на церемонијата на доделување на наградите го привлече вниманието на јавноста. Имено, таа откри дека еден продуцент ја нарекол „актерка од пуканки“, осврнувајќи се на фактот дека снима само „лесни“, забавни филмови.