Деми Мур за социјалните притисоци: Не дозволувам никој да ми каже дека е погрешно да се лутиш ако си жена

Во интервју за Variety, Деми Мур ги коментираше социјалните притисоци поврзани со изразување на гнев.

Мур и Ејми Адамс зборуваат за гневот и искажувањето лични ставови во нивните нови филмови „The Substance“ и „Nightbutch“.

„Ми се допаѓа што и двата наши филма вклучуваат елементи на мистичен надреализам, но и аспекти на бес“, рече Адамс.

Мур на нејзиниот коментар одговори: „Има наметнат став дека не е во ред да се лутиш ако си жена. Не дозволувам никој да ни каже дека не треба да се лутиме, но има став во колективот свест дека не е привлечно“.

Адамс го коментираше и фактот дека мораше да работи на промена на начинот на кој се изразува и ја пофали ќерка си: „Навистина се обидував да и кажам на ќерка ми дека е многу добра, но застанав и си помислив: „Не кажувај така. Наместо тоа, кажи: Ти си добра личност и јас сум навистина гордa на тебе“.

Актерката ја пофали улогата на Деми Мур во The Substance, велејќи: „Се сеќавам дека те гледав и си помислив: „Ова значи да се биде жена. Бевте силна и авторитативна. Се чинеше дека секогаш сте целосен сопственик на вашиот идентитет. ‘