Деми Мур призна како се чувствува кога го гледа Брус Вилис кој веќе не личи на себе: Тој сега е некој друг
Деми Мур отворено проговори за својот поранешен сопруг Брус Вилис и неговата борба со деменцијата , опишувајќи колку е тешко да се гледа како се менува човек некогаш познат по својата сила и енергиј
Гостување со Опра Винфри
Актерката беше гостинка во „Подкастот на Опра Винфри“, каде што беше емитуван снимен разговор во кој таа зборуваше за Вилис. Повод беше интервјуто што Винфри го направи со својата сегашна сопруга, Ема Хеминг, по повод нејзината нова книга „Неочекувано патување: Наоѓање сила, надеж и себеси на патувањето на старателот“.
„Тешко е. Болно е да се види како некој што бил толку силен, витален и фокусиран се менува и станува некој друг“, рече Деми Мур, која има три ќерки со Брус – Румер (37), Скаут (34) и Талула (31).
„Треба да бидат прифатени“
Актерката објасни дека нејзиниот пристап кон ситуацијата е секогаш ист – да не очекува личноста да остане она што некогаш била.
„Најважно е да ги сретнете таму каде што се сега. Ако очекувате да бидат какви што биле некогаш или какви што би сакале да бидат, тоа носи само болка. Но, ако го пуштите, се отвора неверојатна нежност, благост и љубов. Понекогаш изгледа игриво, речиси детско, бидејќи сега е потребна многу повеќе грижа.“

Моќта на сегашниот момент
Мур нагласи колку е важно да се биде присутен: „Ако постојано размислувате каде води сè, се појавува анксиозност. Ако се вратите на она што било и она што сте го изгубиле, повторно ја чувствувате болката. Но, кога сте во сегашниот момент, откривате дека многу е сè уште присутно во него. Можеби не е секогаш преку зборови, но е на прекрасен начин.“
Деми ги споделува своите ставови на оваа тема откако сегашната сопруга на Вилис, Ема Хемин, неодамна откри дека донела тешка одлука Брус да живее во посебен дом, како што вели дека и тој би сакал заради нивните ќерки, 13-годишната Мејбл и 11-годишната Евелин.
„Брус би сакал девојките да растат во простор прилагоден на нивните потреби, а не на неговите“, изјави Хеминг за специјалната емисија за Дајан Соер.
Сепак, семејството останува поврзано – Брус сè уште појадува и вечера со сопругата и ќерките секој ден, со поддршка од тим кој е секогаш покрај него.
Дијагноза и борба
Во 2022 година, Брус Вилис (70) јавно објави дека му е дијагностицирана афазија и дека се повлекува од глумата. Набрзо беше потврдено дека страда од фронтотемпорална деменција, која влијае на говорот, разбирањето на јазикот и пишувањето.
Неговата сопруга Ема, која има 47 години, во интервју за ABC News нагласи дека „Брус е сè уште многу подвижен“ и дека е физички во добра состојба: „Тој е здрав, но неговиот мозок е тој што го издава“.
Во својата книга, која ќе биде објавена на 9 септември, Хеминг пишува за тоа каков е животот како сопруга и старател на човек кој беше еден од најголемите акциони херои во Холивуд. Книгата носи моќна порака за љубовта, трпението и силата потребни за да се издржи такво патување.