Во 07:00 часот денеска беа отворени четири избирачки места во општина Долнен и две во општина Крушевo, на кои ќе се прегласува. Отворено е и избирачкото место во општина Желинo, по одлуката на ДИК да се прегласува во овие седум избирачки места.
На овие избирачки места право на глас имаат вкупно 4.521 гласач. На гласачкото место 2101 во Желинo право на глас имаат 993 гласачи, на гласачкото место 1194 во Крушево право на глас имаат 470 гласачи, во 1202 исто така во Крушево 298, во 1272 во Охрид 712, во Долнен во ИМ 140. – 659, додека во 1470/1 – 634 и во гласачкото место 1844 во Струга 755 гласачи.
Државната изборна комисија го откажа гласањето на 8 мај на овие седум избирачки места, а одлуката ја потврди и Управниот суд. ДИК ги смени и членовите на избирачките одбори на овие избирачки места.
Во текот на вчерашниот ден на овие избирачки места гласаа болни и изнемоштени лица, лица кои се на издржување затворски казни и лица сместени во центри за вонсемејна грижа.