Денеска вратите на музеите и археолошките локалитети ќе бидат отворени за сите граѓани

Влезот во сите музеи и археолошки локалитети во земјава денеска ќе биде бесплатен, во чест на Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети. Од Министерството за култура најавуваат дека државните институции од областа на заштитата на културното наследство ќе бидат отворени во текот на целиот ден.

Ќе бидат отворени вратите на националните институции: заводите и музеите во Битола, Штип, Охрид, Прилеп и Струмица; Стоби и Хераклеја; Спомен-куќата на Тоше Проески; Археолошки музеј; Националната галерија на Македонија со сите нејзини објекти; Музеј на современа уметност; Македонски воен музеј; Историски музеј во Крушево; Музеј на албанска азбука; Уметничка галерија во Тетово; „Д-р Никола Незлобински“ во Струга; Музеј на Западна Македонија во НОВ – Кичево; Музеј на регионот на Тетово; Музеј за природна историја; Музеј во Македонија; музеи во Куманово и Ѓевѓели.

Во 1982 година, Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) го прогласи 18 април за Светски ден на наследството, а ИКОМОС секоја година препорачува тема за прославата на денот и активностите организирани од национални и меѓународни научни комитети.

Секоја година темите се актуелни, а се поврзани со јавната свест за значењето на светското културно наследство, за заштита, зачувување и афирмација на непроценливото богатство откриено преку археологијата“, велат од Министерството за култура.