Правото на глас денеска први ќе го остварат болните и изнемоштените лица како и затворениците во затворите во Македонија.
Државната изборна комисија соопшти дека за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни и инвалиди, додека за парламентарните бројот е поголем за 102 гласачи или 11.225 болни и инвалиди.
Покрај болните и затворениците, право на глас денеска ќе го остварат и пријавените државјани на Македонија од дијаспората, но само за претседателските избори. Гласањето за парламентарните избори во дијаспората нема да се одржи поради недоволниот број пријавени кандидати.
На овие парламентарни избори за парламентарните избори беа поднесени 17 листи со кандидати, 16 од политички партии и коалиции и една од група избирачи. На изборите учествуваат 61 партија. Од нив, 11 самостојно и 50 во пет коалиции.