Денеска истекува рокот за собирање потписи за претседателските кандидати во Македонија

Денеска (петок) до полноќ ќе трае собирањето потписи од граѓаните за претседателски кандидати на претстојните избори кои започнаа на 23 февруари.

Според податоците на ДИК, од пријавените 15 кандидати за собирање потписи за претседателските избори, потребните 10.000 потписи досега ги собрал Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, кој има 22.411 потписи, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ 28.08, Бујар Османи6. од ДУИ – 11.085, Арбен Таравари од АА – 10.710, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски – 11.278, Максим Димитриевски лидерот на „ЗНАМ-За наша Македонија“ – 11.605 и Билјана Ванковска од „Левица“ потпис .

Сите останати кандидати имаат помалку потписи – кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Босанската демократска лига има 2.100, Вело Марковски 1.596 потписи, Ѓорги Манасков 483, Зорица Цветковска 269, Попоски 141.