Денеска почнува грејната сезона. Парно имаат сите кои се снабдуваат преку државната ЕСМ и топланите Скопје Север и Те-То. Компаниите вчера апелираа до потрошувачите да ги отстранат дефектите.
Грејната сезона трае до 15-ти април, но доколку тој период температурите се ниски, регулаторот решава уште колку време ќе се испорачува топлинска енергија.
Во Скопје централното градско парно го користат околу 60 илјади домаќинства.
Грејната сезона ќе започне подоцна за осум училишта во Карпош, бидејќи како што рече градоначалникот Стевче Јакимовски, Владата им должи над 8 милиони денари за парно и тој повика да се платат долговите.