ДЕНЕС ПРВА СРЕДБА НАДВОР ОД ЕУ И ТОА ВО УКРАИНА – Жозеп Борел ги повика шефовите на дипломатијата на земјите-членки на состанок во Киев
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Жозеп Борел, ги покани министрите за надворешни работи на земјите-членки на средба во Киев, Украина, што ќе биде прва ваква средба надвор од границите на ЕУ.
„Денеска ги свикувам министрите за надворешни работи во Киев, на првата средба на сите 27 земји членки надвор од Унијата“, напиша Жозеп Борел во објава на социјалната мрежа Х (Твитер).
Жозеп Борел претходно изјави дека на тој состанок не треба да се очекуваат одлуки, бидејќи се работи за неформален состанок.
Неформалните состаноци обично се посветуваат на длабински политички дискусии наместо на донесување конкретни одлуки.