Денес точно во 22:29 часот следува неверојатен настан! Полната месечина во Бик ја менува судбината на 4 знаци

Полна месечина не очекува денеска во 22 часот и 29 минути, во соѕвездието Бик на 24 степен на овој знак и ќе има влијание на сите знаци. Полната Месечина го симболизира крајот на животниот циклус, а знаците како Бик, Шкорпија, Водолија и Лав најмногу ќе го почувствуваат влијанието на овој астролошки настан.

Полната месечина во Бик претставува уникатен астролошки феномен кој носи енергија на стабилност, сензуалност и практичност. Бикот е знакот кој владее со материјалните работи, уживањето во природните убавини, како и финансиската сигурност и стабилност. Кога Месечината е во овој знак, емоциите се интензивни, но приземјени во исто време.

Овој транзит е одличен за фокусирање на она што ни дава чувство на сигурност и задоволство. Бикот ни помага да го цениме моментот и да забавиме за да уживаме во работите што ги имаме и да вложиме енергија во зачувување на нашата емоционална и материјална стабилност.

Бидејќи полната месечина го осветлува сето она што е скриено, оваа позиција може да ги извади на површина чувствата во врска со безбедноста, финансиите, самопочитта, па дури и односите со саканите. Многумина ќе почувствуваат потреба да ги ревидираат своите приоритети, особено во однос на нивната финансиска состојба, кариера или долгорочни цели.

Ова е исто така време кога можеме да донесуваме одлуки за инвестиции, без разлика дали се материјални или емотивни. Можно е енергијата на Бикот да не поттикне да посветиме повеќе внимание на работите кои се опипливи и долготрајни. 

Овој момент, исто така, не потсетува на важноста да се балансира желбата за материјална сигурност со потребата за емоционално задоволување – и затоа може да биде крајно трансформативен за оние кои се подготвени да се посветат на тие аспекти.