Денес, утре и задутре посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска и утре (13 и 14.06.2024 година) ќе има посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Град Скопје, поради одржување на министерски состанок и Самит на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани, учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници.